Предавање за Computational Design // четврток, 4-ти мај

Овој четврток, во КИКА ќе ни гостува Звонко Вуграшек и ќе одржи предавање за Computational Design.

Ќе зборува за computational / parametric / generative design и „како со помош на овие методи може да се зголеми рационалноста и ефективноста при решавање на разни дизајн и пресметковни задачи кои досега земале многу време и нерви затоа што се работеле „пешки.““

Звонко е дел од DesignMorphine, интернационална организација за ширење на употребата на современи мултидисциплинирани методи во работата на области како инженерство, дизајн, архитектура и фабрикација и нивна полесна меѓусебна соработка.

Еве што вели Звонко за предавањето:

„Ќе се запознаеме со историјата и теоретската логика позади целава тематика, нејзини стилови/гранки и разни практични примени во индустриите денес.“

„Сето тоа ќе заврши со краток практичен вовед во Rhinoceros 3D & plugin-oт Grasshopper кој е една од најпознатите visual programming алатки користени во овие области.

Ова предавањето е прво во серијата и ќе послужи како вовед во идна работилница, која најверојатно ќе се одржи во Јуни.

Четврток, 19ч. во Хаклаб. Се гледаме!

No comments:

Post a Comment