[СподелиКино низ градот] Code Rush документарниот филм за Mozilla во АКСЦ, чет. 5 јуни 2014 во 20 ч.

Со желба да зборуваме за хакерската култура надвор од хаклаб и истовремено да ја донесеме историјата за интернет поблиску до различните корисници, овој четврток го пуштаме Code Rush, филмот што го следи животот на инжинерите што работат на првото објавување на отворениот софтверски код на Mozilla.

Според многумина ни интернет ниту софтверската индустрија немаше да бидат онакви какви ги знаеме денес да не се случеше отварањето на кодот на Нетскејп и формирањето на проектот Мозила.

Па дојдете да видите како сето тоа се случувало.

Проекцијата е во АКСЦ (https://www.facebook.com/AKSC2) од 20 ч.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.