Слободен Софтвер се Бори Женски


Слободен софтвер - Македонија, Бори се женски и хаклабот КИКА ве покануваат на презентација на програми за пракса за жени и девојки.

Во време кога светот на технологијата е претежно окупиран од мажи, а во областите како слободниот софтвер учеството на жените е уште помало, програмите како Gnome Women Outreach, Google Summer of Code, Etsy Hacker Grants: Supporting Women in Technology итн., се обидуваат да отворат врата повеќе кон оваа област за жените.



Во среда ќе споделиме лични искуства од учеството во овие програми, но и како изгледа и што значи да си жена во IT. Ќе споделиме и практични упатства за тоа како да се приклучите и да станете дел од програмите за пракса и да придонесете во развојот на слободниот софтвер, а притоа да ги развиете своите вештини во областа на програмирањето, дизајнот, маркетингот и пишувањето документација.

Програмата е отворена за сите девојки и жени кои имаат предзнаења од програмирање, дизајнирање, а доколку немаат, можат да се приклучат преку преведување, пишување документација, маркетинг и активности поврзани со развивање на капацитетите на заедницата.

На 20 февруари во 20 часот, се гледаме во хаклабот КИКА, еден редок позитивен пример за простор каде мажите и жените заедно активно соработуваат и споделуваат знаење.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.