Програмски јазици 12.07.2012 20 часот Pywikipediabot

После состанокот на Википедиа Македонија т.е. неврзаниот разговор кој го имавме со двајца нивни членови, дечките изразија желба да им помогнеме околу Python API-то за MediaWiki. Имаат едно чудо идеи како да се искористи API-то во нивната работа. Потребни им се програмери кои би им помогнале т.е. да им напишат различни програмчиња кои би работеле како ботови, во позадина и би генерирале различни статии на македонската верзија на Википедиа врз база на дадени шаблони и податоци за статиите. Покрај ова имаат и идеи за лексичка анализа на статиите, па и тие што ги интересира статистика и обработка на природни јазици слободно нека дојдат. Документацијата за работа Python ботот за Wikipedia можете да го ѕирнете тука.
Дојдете ќе се дружиме, ќе куцкаме Python код и ќе им помогнеме на Википедијанците од Македонија.

Ажурирано:
Дојдоа дечките од Викимедиа и си направивме здрав муабет како може да се придонесе во развојот на македонската верзија на Википедиа. Ни покажаа како се користи пајтон ботот и видовме неколку примери. Проблемите изгледаат многу интересно, а не се страшни за програмирање, па сите што сакаат да си играат со пајтон и уредување на вики страници со ботови нека ја посетат страницата со листата на барања за пишување на ботови и нека им се пријават на википедијанците дека почнале да работат на нешто.

2 comments:

Note: Only a member of this blog may post a comment.