Steal This Film Trial @ Мала станица - 08.03.09

Решивме да го реактивираме Сподели кино за прикажување на третото издание на Steal This Film - STF Trial. Се работи за третото (или транзитно) продолжение на Steal This Film, овој пат измиксано видео од првите два дела со додатни снимки поврзани со случајот против The Pirate Bay.

За оние што не ги гледале првите два дела, можете слободно да ја преземете торент датотеката од од http://thepiratebay.org.
Еве и краток опис од авторите на филмот:

Во 2006 година, група пријатели решаваат да направат филм за споделувањето на интернет и со помош на The Pirate Bay филмот се копира и шири повеќе од она што било кој би го очекувал. Денес The Pirate Bay е на суд и ние се гордееме со тоа што ги поддржуваме преку овој филм. STF Trial содржи досега не видени снимки, вклучувајќи ги и членовите на TPB како се подготвуваат за судењето - додадени се и римејкови од полициските интервјуа по првиот упад на шведската полиција во дата центарот на TPB. STF Trial е еден вид на транзитен филм од STF 2 до последниот дел кој што моментално се снима во Стокхолм на судењето на TPB (Инаку: TPB е најголемиот торент тракер во светот).

Покрај луѓето позади The Pirate Bay, во документарецот зборуваат разни експерти од разни области, новинари, продуценти, гикови и што е најважно сите се сложуваат дека споделувањето на интернет е од исклучителна важност за човештвото и дека истото нема да може да исчезне преку ноќ без разлика на тоа што корпорациите им објавија војна на сите оние кои што споделуваат на интернет.

Ако Ви го привлековме вниманието, бидете во Мала станица во Недела 21:30ч (08.03.09).

Се гледаме таму.

Повеќе информации за филмот и преземање на STF Trial

2 comments:

  1. нублерски организирано! како никој не го тестираше видеото пред да се пушти..?!

    ReplyDelete