Отворена дискусија: Интернет апликации - развој, маркетинг и промоција - 22.12.2008 во 17 часот во Точка

На 22 декември (понеделник) во просториите на Културниот центар Точка со почеток во 17 часот, во организација на Центарот за нови медиуми и Слободен софтвер Македонија ќе биде организирана отворена дискусија на теми: производство на интернет апликации, развој на тимови, имплементација на различни методологии и технологии, интернет маркетинг и промоција.

Ќе се дискутира за:
  • Интернет стандарди
  • Front end интернет технологии
  • Кориснички интерфејс и тимови за развој (како тоа го прават големите компании)
  • Степенот на искористување и имплементација на достапните ресурси за развој на модерни апликации во Македонија
  • Примери на индивидуални и комерцијални интернет базирани проекти
Ќе зборуваат:
  • Ѓокица Зафировски, UI/IxD Engineer, Google
  • Проф. Игор Tрајковски, Њујорк Универзитет Скопје (google dropout)
  • Дамјан Арсовски, it.com.mk
  • Деан Крстевски, broker.com.mk
  • Александар Благоевски Тразоф, Projectoffice.net
Влезот е слободен, а програмата е отворена, што значи може да се дополни се до последен момент доколку има заинтересирани за презентација на оваа тема.

Вечерта продолжува со Проекција:
„Навистина остварени детски сништа“ оддржано од професорот Ренди Појш од Универзитетот Карнеги-Мелон со последното Сподели Кино оваа 2008 година.
„Сите ние имаме детски соништа за тоа што ќе правиме кога ќе пораснеме. На пример: да бидеме астронаути, да снимаме филмови, да правиме видео игри. За жал, повеќето луѓе никогаш не успеваат да ги реализираат своите детски соништа, и сметам дека е навистина штета што тоа е така.
Јас имав неколку специфични детски соништа, и јас навистина ги реализирав повеќето од нив. Но поважно од тоа, најдов начин да им помогнам на многу млади луѓе да успеат и да ги реализираат нивните детски соништа со отварањето на Центарот за забавни технологии на универзитетот Карнеги-Мелон заедно со Дон Маринели“ - Ренди Појш, 23 Октомври 1960 - 25 Јули 2008 година.

Оваа дискусија претставува затворање на сезоната за повеќе настани кои се одвиваа во текот на 2008 во одделна организација на Слободен софтвер Македонија и Центарот за нови медиуми. Станува збор за Сподели кино и Сподели знаење во организација на Слободен софтвер и Face2Face (лице во лице) во организација на Центарот за нови медиуми.

1 comment:

  1. Главен секако останува Ѓокица Зафировски, тој ќе ни биде star of the night, а друштво ќе му прават:

    * Проф. Игор Tрајковски, Њујорк Универзитет Скопје (google dropout) (link)
    * Дамјан Арсовски, it.com.mk (link)
    * Деан Крстевски, broker.com.mk (link)
    * Биљана Пешевска, Projectoffice.net (link)
    * Дијана Димитровска, Active Reception (link)

    Измени кај говорниците:
    http://komunikacii.net/2008/12/19/diskusija-internet-aplikacii/

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.