Продолжува „Сподели знаење“ за оваа сезона

Иако со поголемо закаснување, „Сподели знаење“ продолжува оваа сабота 25.10.2008 во 12 часот. Вашиот омилен неделен хепенинг, каде „тие што не знаат прашуваат, а тие што знаат одговараа“ оваа недела ќе се занимава со три теми:

1. Виртуелизација: KVM наспроти конкуренцијата;
2. Awesome-атични менаџери на прозорци и што со нив?
3. (ре)Хакирање на безжичен рутер

но можете да дојдете и со свое прашање...

Важно: „Сподели знаење“ промени локација и сега се случува тука. (п.с. - барајте ја жолтата гаражна врата :-)

1 comment:

  1. 1. Виртуелизација
    Најмногу време поминавме на VMware Server 2.0 и не стигнавме да ги споредиме и погледнеме поубаво VirtualBox и KVM. За некој од следните пати може да ѕирнеме и VMware ESXi Hypervisor.

    2. Awesome-атични менаџери на прозорци
    Неформално го поминавме некако ова - може и повторно да го погледнеме ако има заинтересирани.

    3. Хакирање на безжичен рутер
    Без проблеми ставивме dd-wrt v24-sp1 на WRT54GL но имаше проблем со PPPoE конекција.

    - Почнавме со разгледување и на Alfresco, што ќе го довршиме се надевам некој друг пат.

    - Имавме интересни аномалии со CentOS серверот.

    ReplyDelete