Randall Munroe на големото платно - СподелиКино на 4.06.2008 во 20:30 ч. во Точка

Авторот на xkcd.com Randall Munroe одржа предавање во Google. Прво бил повикан како гостин, но потоа некој се досетил и му понудил да одржи предавање. Зборувајќи, го забележува Donald Knuth во првите редови, човекот без кој програмските јазици не би биле тоа што се.



Низ предавањето има интересни моменти и информации кои ќе бидат од интерес за сите љубители на XKCD. Патем, на крајот завршува со еден краток стрип (какви и што се xkcd стриповите), со што Munroe покажува како ги црта. Дечкото завршува факултет за Физика на MIT, и има навистина страшни идеи! Интересен податок е тоа што засега, Munroe, живее од продажбата на merchandise од xkcd.

Целото предавање ќе биде пуштено на следното Сподели Кино, во среда, 04 јуни, во Точка, 20.30ч.

3 comments:

  1. супееер!!!
    ќе ги извастам сите љубители на XKCD што ги знам :)

    ReplyDelete
  2. Врска до видеото? Или го има на она google tech talks?

    ReplyDelete
  3. Го најдов. Фала Миша!

    http://www.youtube.com/watch?v=zJOS0sV2a24

    ReplyDelete