Сподели кино 2.10 23.01.2008, 20ч Точка

На мени оваа недела ќе бидат предавања од 24c3 хакерската конференција која се одржа во Берлин на крајот на 2007ма.

Почнуваме со DNS Rebinding And More Packet Tricks на Ден Камински. Тој во најавата вели:

DNS Rebinding се покажа како ефикасен механизам за претворање на веб прелистувачот во прокси


Предавањето не смеете да го пропуштите, ако ништо друго, поради лудиот стил на презентација кој го користи. Дури и ништо да не сфатите, пак ќе ви биде интересно бидејќи типот е шоумен од прва класа.



линк до сликата

Во продолжение ќе пуштиме уште некои клипови кои ни фатија око изминатиот период.

Стојанче има доста интересен предлог поврзан со IP темата која ќе се пушта.
Всушност еден исечок од последната епизода на Hak.5.

Се работи за крекнување на WPA(2) (PSK) Access Point користејќи BackTrack (GNU/Linux дистрибуција, главно наменета за безбедност на мрежи). Тука дечките покажуваат како може да се кракне дадениот AP (нивен) со користење главно на Kismet и Aircrack-NG, сите вклучени во BackTrack. Не е покажано ништо нелегално на снимката, проследено со малку шега околу легалноста на „делото“.

Времетраење: ~ 8/9 мин.

Ресурси:
> http://hak5.org/
> Kismet: http://kismetwireless.net/
> Aircrack-NG: http://aircrack-ng.org/
> BackTrack: http://www.remote-exploit.org/backtrack.html


Има уште неколку предавања од 24c3 што сакаме да ви ги пуштиме. Бидејќи предавањата не се кратки, ќе ги распоредиме низ сезоната.

1 comment:

  1. Како што приметувате - терминот е поместен наредниот ден на 23.01 бидејќи денес има во Точка некаков настан.

    ReplyDelete