Специјалитет од кујната на „Сподели“: Презентација на OLPC, 12.12.2007, 20 ч. [Точка]

Во рамките на активностите на Слободен софтвер Македонија поврзани со слободниот софтвер, зелениот лаптоп зазема посебно место. Успехот на глобален проект како што е „Лаптоп за секое дете“ е од огормно значење, и тоа не само за слободниот софтвер и новите технологии кои се вградени во малиот лаптоп, туку и за прашања кои се поблиски до јавноста како премостување на дигиталниот јаз или воведување на модерно образование.

Затоа ние во Слободен софтвер Македонија го сметаме ова „Сподели“ како навистина посебно. Ќе имаме презентација на XO лаптопот. Во меѓувреме работиме на тоа да може да се користат македонски преводи и македонска кирилица на него. Се надеваме дека ќе успееме да ги средиме до другата недела во среда.



Нашиот РедХет инжинер, Арангел, го носи лаптопот во Скопје. Ова ќе биде ретка шанса за да го видите лаптопот во живо и евентуално да го чепнете. Впрочем, лаптопите се наменети за деца и меѓу нив и се дистрибуираат. :-)

Накратко, презентацијата ќе има ваков распоред, со почеток во 20 часот:
  • Почеток на настанот. Вовед и објаснување за гостите;
  • Видео од презентација на Николас Негропонте - Директор на фондацијата OLPC, дадена на конференцијата ТЕD;
  • Образовните можности на OLPC;
  • Технички спецификации и можности на OLPC.
Кон крајот можеби ќе има кратки демонстрации на можностите на лаптопот за помали групи од 3 до 4 луѓе.

Ако ви требаат повеќе информации, тогаш посетете го блогот olpc.blog.com.mk кој веќе некое време ги следи случувањата во врска со OLPC и Македонија.


Се гледаме во Точка!

П.С. Може ние ќе стигнеме таму пред 20 часот, па ако има некој љубопитен - можете и да подраните. :-)

1 comment: