Сподели кино 2.09, понеделник 24.12.2007, 20 часот Точка

Мислите дека Јапонија е тотално поинаква и, благо речено, само необични и чудни работи излегуваат од таму?

Не се секирајте, не сте европоцентрични, тотално сте во право, или барем филмов што ќе ни го сподели Ладо на најновото издание на Сподели Кино ќе ви го зацврсти тоа уверување. Еве како тој го опишува:

Survive Style 5+ е најоткачено нешто направено овој век. Не знаеш што е пооткачено: сценографијата, приказната (поточно приказните) или одбраната музика?

Можеби сценографијата, која претставува таков визуелен маегери удар на сетилата, со такви бои кои би зашеметиле и далтонист. И приказните се тотално неочекувани, ама мислам дека луѓето се веќе навикнати да не наоѓаат многу „смисол“ во јапонските филмови.

За каков филм се работи всушност?

Е, па...структурно е ensemble movie, како што се Pulp Fiction или Magnolia. Има пет приказни кои директно не си влијаат, но во одредени моменти се допираат. Режисерот и сценаристот се ветерани во маркетингот и тоа се гледа во филмот. Глуми, кај фановите на јапонски филмови, популарниот јапонски глумец Tadanobu Asano, а се појавува кратко и уште еден култен глумец Shinichi Chiba, попознат како Sony Chiba од јапонските Б акциони филмови од пред 20-30 години, кого Тарантино го ангажираше во Kill Bill Vol.1, а една од улогите ја има и Vinnie Jones, незаборавниот лик на платен убиец од Snatch и Lock, Stock... филмовите на Guy Ritchie, (и тука глуми платен убиец, се разбира).

Зошто сакав да го споделам овој филм?

Сакам луѓето да доживеат еден необичен јапонски производ, да видат една пооткачена страна на Јапонија. Ако има расположение, би сакал да споделам и еден краток филм (15 минути) од јапонската комичарска група „Ramenzu“ како пример за лудиот јапонски хумор, а после филмот (ако може да издржите на столчињата во Точка :)) и една епизода на Јапанорама (20 мин.), серија за јапонската поп култура водена од Jonatan Ross.

6 comments:

  1. Одлично. Се надевам барем еднаш неделно ќе имаме можност да погледнеме нешто од Јапонија. :)

    Го чекам Akira и другите два дела на Ghost in the Shell.

    Поздрав.

    ReplyDelete
  2. ako ima zainteresirani kako bojan, go imam i Akira za drug pat.

    ReplyDelete
  3. hahha sloboden softver pocna da pusta film od windows.

    ReplyDelete
  4. pero, Ладо носеше свој лаптоп на кој има инсталирано Windows, но тоа не значи дека слободен софтвер користи windows.
    Концептот на сподели кино е споделувањето и слободната култура како чекор со кој ги приближуваме луѓето кон слободниот софтвер.
    Не е поентата да ги дискриминираме па да не примаме некој што не го користи, туку да ги прифатиме и да ги натераме да го користат.
    Се надевам бар малку разјаснив, во најбрзо време ќе припремам еден подолг пост на мојот блог за намалување на недоразбирањата.
    Инаку супер што се појавија луѓе во поголем број. Се надевам тек ќе се зголемува, а и ние повеќе ќе се ангажираме на вистински начин да ја пренесеме слободната култура преку пракса и да го актуализираме слободниот софтвер како подобра опција.

    ReplyDelete
  5. pero: Lawrence Lessig сите презентации ги прави на Mac OS X :/ surpriseee..слободната култура МОЖЕ да се гради врз неслободни платформи (според него, веројатно повеќето од нас и се сложуваат со тоа).

    ReplyDelete
  6. Секако мора да се признае дека MacOS X е далеку по фенси од WinXp. :-)

    ReplyDelete