Сподели (блог) знаење: Како да направите банер за СподелиЗнаење

За да не биде пуст блогов, а таман и нешто корисно да се појави на него, решив да напишам едно „како-да“ за правење банери за него. Одиме:

1. Отворете го СподелиЗнаење така што во полето за адреси на вашиот омилен прелистувач ќе напишете http://spodeliznaenje.blogspot.com.

2. Со помош на глушецот направете десен клик на банерот што веќе е на блогот и одберете ја опцијата „Зачувај ја сликата како...“ или соодветната за вашиот прелистувач.

Снимете ја сликата со некое згодно име, како на пример: spodeli-baner-template.jpg.

3. Отворете ја сликата во Gimp за да ја видите нејзината големина. Од менито „Слика“ одберете „Зголеми ја или намали ја сликата...“. Во прозорецот што ќе се отвори ќе ги видите следниве информации.


765 x 235 пиксели е големината на сите банери на блогов. Толкав треба да биде и вашиот нов банер.

4. Од разните места на Интернет каде има фотогорафии до настани организирани од заедницата на корисници на слободен софтвер во Р. Македонија одберете некоја која ви фаќа око. Пример фликр фотки од сподели знаење (http://www.flickr.com/photos/spodeliznaenje) или ден на слободен софтвер (http://www.flickr.com/photos/skopjesfd2007). (Се разбира тие што се повешти во цртањето на компјутер можат да почнат од бел лист. Јас не сум, па ќе земам една фотка од фликр). Па најдете тоа што ви треба и отворете го во Gimp.

5. Штом ќе ја отворите сликата, (1) одберете ја алатката за избор и (2) подолу одберете „Фиксна ширина“. Потоа (3) внесете ги соодветните вредности (765 x 235) и исцртајте правоаголник онаму каде што сакате. На крај (4) од менито „Слика“ одберете „Исечи слика“.


Вашиот банер е скоро готов.


5. Додајте некаков текст на сликичката ако сакате. Се разбира, ако знаете или ви е интересно можете и да си поиграте со некој ефект од Gimp.



6. Снимете ја сликата како JPG. Користете некое доволно описно име како на пример: spodeli-baner-od-pero-petrov.jpg. Потоа само известете за вашето дело така што ќе напишете порака на поштенската листа [ossm-members]. Банерите стојат овде.

7. Вашиот банер набрзо ќе се појави на блогов. Можеби само ќе треба неколку пати да ја вчитувате страницата за да го видите.



П.С. Еден банер се прави за помалку од 15 мин. Ако не ми верувате - пробајте!

No comments:

Post a Comment