Сподели кино 2.01, 25.09.2007 во 20ч [Toчка]

Втората сезона на СподелиКино започнува. Во вторник, на 25 септември, во 20 ч. во Точка повелете на проекција на Star Wreck: In the Pirkinning.



Од ен.Википедија:

Star Wreck: In the Pirkinning е игран филм од 2005-тата година произведен од пет другари во двособен стан со мал буџет и поддршка од неколку стотици фанови и неколку дузини познаници. Star Wreck: In the Pirkinning е седми по ред филм од серијалот Star Wreck, но првиот со професионален квалитет и целовечерно траење. Тој е мрачна научно фантастична комедија за доминацијата на светот и универзумот и пародија на универзумите на Star Trek и Babylon 5.

Иако филмот во основа е филм на фанови (fan film), многу критичари позитивно го споредија со типични професионално произведени научно фантастични филмови, меѓу другото заради квалитетот на специјалните ефекти и целосната продукција. Филмот може легално да се симне од Интернет под Creative Commons Attribution-NoDerivs-NonCommercial лиценца.

Ние веќе го симнавме и доколку сакате во вторник можете да си донесете USB стапче да го ископирате.

Мало предупредување: како што можеби знаете (или не?) во Точка нема проектор, па ќе треба да се позајмува. Сега за сега се оди по планот и најверојатно ќе има проектор за вторник. Сепак, за секој случај, следете на блогов да видите да не испадне да немаме проектор и да откажуваме.

1 comment:

  1. Одлично филмче. Го набавив уште кога излезе! Ако успеам да дојдам, се гледаме во Точка! Поздрав.

    ReplyDelete