Сподели Дубровник :)

Екипата од Македонија пристигна во Дубровник. Се сместивме и сега нешто читаме пошта. Утре почнува iSummit07 и можеби ќе известуваме за некои интересни работи преку блогов.

Патем, СподелиКино#8 беше одлично, се разви интересна дискусија за Википедија и некако ми е жал што моравме брзо да ја напуштиме Точка - но тоа е тоа, моравме да патуваме.

Се надевам ќе имаме уште такви интересни собири во иднина.

Поздрав од Дубровник! :)

1 comment:

  1. Поздравите ги хрватиците од мене и да пиете пиво. :)

    ReplyDelete