Сподели кино #7, 05.06.2007 [Точка]

Овој пат во Точка темата ќе биде „изборот“. Малком Гледвел и Бери Шварц дискутираат за тоа дали изобилството на избори во модерното општество е добро или лошо за обичниот човек, но и за бизнисот:

Дали е добро што има многу различни видови кечап и фармерки?

Уште една TED вечер која можеби ќе биде проследена и со мало изненадување. Не пропуштајте!

П.С. Имаме еден ClassmatePC и ќе го тестираме. Ќе бидеме во Точка од 18 часот. Подоцна може и да зборуваме нешто за образовните алатки на иднината - laptop.org и classmatepc.com.

3 comments:

  1. Звучи интересно, да не бев јабана ќе дојдев :)

    ReplyDelete
  2. Само за записникот...

    Од Гледвел ја читав ТРЕПНУВАЊЕ и книгата е веројатно најдобра of its kind. Хрм...те учи како да се слушаш себе си без да се оптоваруваш со непотребни информации и како да ги сецкаш ситуациите на тенки парчиња :)

    Книгата е 200 денари од прилика, а вреди многу.

    [end of commercial]

    ReplyDelete