План за Сподели знаење #12, 02.05.2007 (среда!) [ФЕИТ]

Овој пат на ФЕИТ се наоѓаме во среда, бидејќи вторник е неработен ден.

Илин Петковски вели:

Планот е да се презентира Onion routing технологијата, инфраструктурата и начинот на комуникација. По теоретскиот дел планирам да изведам практична имплементација на Onion рутирањето со помош на Tor (http://tor.eff.org/). Практичниот дел може лесно да се изведе и со еден компјутер и интернет конекција. Но, она што би било навистина интересно да се направи е, мини Onion рутирачка мрежа, на самата презентација. За таа цел би било убаво да се соберат што повеќе компјутери може (најмалку 4-5), со цел да се прикаже прецизноста на работењето и „вистинитоста“ на локалната симулација.

Ако има време може ќе правиме и нешто друго. Прашања и предлози овде или на поштенска листа. Тој што може да донесе лаптоп исто може да се пријави.

Се гледаме во среда!

П.С.Традиционално на 2-ри се споделуваше скара. Тоа што овој 2ри е работен, значи дека не може да вадите изговор дека сте се запиле на пикник и не сте дошле на СЗ. :)

2 comments:

  1. Се е тоа убаво ама да завршите до 20:40 за да можеме да гледаме фудбал.

    П.С. Може да почнете со подготовки и порано, а во 20:00 да почне предавањето.

    ReplyDelete
  2. Сигурно, се ќе откажеме за фудбал нема гајле. ;)

    ReplyDelete