План за Сподели знаење #9, 20.03.2007 [ФЕИТ]

Сподели знаење #9 ќе биде на тема „семантичка мрежа“. Ќе се обидеме да ја репродуцираме работилницата која пред околу еден месец ја одржаа Марсел Марс и Томислав Медак. Мислиме дека е интересно ова да се повтори бидејќи прво темата е интересна и второ претходниот пат во Метаморфозис беше гужва, па можеби има некој што сакал, но не успеал да дојде и сл.

Работилницата ќе се занимава со некои web2.0 трикови, со тоа што се можете да правите на Интернет со неколку клика во Вашиот омилен прелистувач, па како новите технологии овозможуваат лесно креирање на (релевантни) вести и сл.

За успешна работилница ќе ни треба рутер за безжичен интернет и што е можно поголем број на лаптопи. Тука може да се пријават луѓе кои можат да дојдат со опрема.

За да имаме повеќе време, овој пат ќе почнеме порано, во 19и30, штом часот во амфитеатарот ќе заврши.

За загревање на темата се препорачува:

1. Кратко филмче од YouTube,



2. Текст на тема Ontology is Overrated: Categories, Links, and Tags.

Се гледаме на ФЕИТ.

2 comments:

  1. Firefox ми е далеку од омилен прелистувач.. :) Opera е грда и неслободен софтвер а Epiphany стои слабо со проширувања.. затоа користам Firefox, зашто немам друг избор.

    ReplyDelete
  2. Konqueror е изборот кој секогаш ми стои на располагање кога нешто нема да биде во ред со Firefox (иако мене ми е омилен прелистувач).

    Јас имам извор.

    ReplyDelete