План за Сподели знаење #8, 06.03.2007

Во духот на народната: „повелај здивни, сам стани тивни“ на Сподели знаење овој вторник јас ќе се потрудам околу неколку теми за заинтересираната публика:

1. 10 убиствени можности на гну/линукс.

2. Може ли гну/линукс да го направи ова/она?

3. Личен тест: дали гну/линукс е за мене?

Овие три нема да траат повеќе од 60 минути, да не си мислите дека ќе гњавам 2 часа. Ова значи дека ќе има време и некој друг да се истакне во преостанатиот еден час. :)

За работите што сакам да ги зборувам ќе ми треба лаптоп со гну/линукс и глушец. Се надевам Миша ќе ми дозволи да го користам неговиот.

Ако прибереме повеќе информации и ако има заинтересирани студенти од ФЕИТ можеме да зборуваме и за тоа како некој може да ја оствари својата пракса со Слободен софтвер Македонија.

Се гледаме во вторник!

П.С. Некој ако сака може да објави на други места, да направи постери и се тоа.

No comments:

Post a Comment