Сподели знаење #7, 20.02.2007

Помина уште едно Сподели знаење. Мене некако повеќе ми се допадна овој пат што немаше некои класични презентации и се беша така некако помалку формално. Се надевам и другите ќе кажат што мислат, ама мене ми се чини дека ова и не е така лош начин за одржување на настаните.



Ѕвезда на вечерта беше Дамјан т.е. неговиот нов IBM супер-мал, супер-лесен лаптот, на кој во живо му се инсталираше копираше archlinux.



Во меѓувреме, блогот беше уште малку освежен со скрипта која менува слика во заглавјето без да се превчита страницата, значи се на се - продуктивно споделување на знаење. :)



Хм... ај уште овој пат да кажам - идеи и предлози за следниот пат се добредојдени. Притоа, под идеи и предлози не се мисли само да си ги кажете желбите што сакате да чуете, ами и што имате вие да кажете за другите. Сподели знаење, нели?

2 comments:

  1. Ej сепак не е убаво вака да се мења нон-стоп банерот горе.

    Поубаво беше само рандом на секое вчитување.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.