Сподели знаење #6, 06.02.2007

Шестото издание на сподели знаење и прво во вториот месец од 2007 година помина со две интересни презентации.
Илин Петковски се претстави со „безбедносните FOSS алатки“ каде ги претстави поважните безбедноси алатки и системи за откривање на упад во инфромациско комуникациските системи. Публиката беше заинтересирана и зема активно учество со неколку прашања по завршување на излагањето на Илин.

Стојанче Димитровски продолжи со своето излагање за состојбата so DRM во дигиталните сервиси за дистрибуција и репродукција на мултимедијални содржини. Неговото излагање беше навистина полно со корисни информации.

Се на се стандарден број на посетители и публика на шестката. Неколку нови лица, неколку повратници од некои од изминатите изданија.

Предлог за новите луѓе кои се појавија или нека се претстават на блогот, овде или нека се зачленат на поштенската листа, информациите како да го сторат тоа ги има во десната колона.

Што ќе се случува на #7 ќе откриеме наскоро...

5 comments:

  1. Јас разбрав Глиша дека имал идеи за наредното „Сподели знаење“.

    ReplyDelete
  2. Хм.Па не знам баш дали треба да идеме со тие идеи или да направиме серија предавања 3 или 4, Слободен софтвер. Водич за почетници. Што? Како? Зошто?

    ReplyDelete
  3. Ако е така, треба убав план да смислиме.

    ReplyDelete
  4. Се договоривте гледам.

    А кој е типов со шипката на слика и каква врска има со сајтов не ми е јасно. Плус многу е грда зелената боја од страна на она ко банерче што е.

    ReplyDelete