Промени за Сподели знаење #5, 23.01.2007

Го менуваме планот за Сподели знаење #5 бидејќи во земјава гостин е Вејн Вота (Wayan Vota), директор на geekcorps.org кој со задоволство ќе одржи едно предевање на тема
International Careers in FOSS.

Човекот има големо меѓународно искуство работејќи на имплементирање на ИКT проекти од Либан до Мали, искуствата што ќе се обиде да ги пренесе опфаќааат аватури кои ги имале имплеметирајќи FLOSS (Free/Libre Open Source Software) решенија од Тимбакту во Мали, до искуството и предизвиците кои со себе ќе ги донесе развојот на OLCP (One Laptop per Child project) проектот, автор е на страницата OLPC News. Значи имаме еден доста харизматичен говорник, со доста динамичен стил кој се надевам ќе претставува предизвик да се погледне.
Ова е ретка прилика за сите нас, па се надеваме ќе има повеќе луѓе отколку што има на нашите вообичаени средби. Би сакал да замолам сите што имаат некакви контакти со заинтересирани луѓе да им испратат информација за ова со цел да имаме што е можно побројна публика.
Се надевам дека се ќе оди по планот и дека ќе имаме успешна средба на 23-ти во 20:00 часот.

No comments:

Post a Comment