План за Сподели знаење #4, 09.01.2007

Бидејќи веројатно нема да имаме пристап до Интернет, првото овогодишно „Сподели знаење“ ќе го правиме кино-вечер.

Може да гледаме неколку работи, а и други предлози се добредојдени. Сега за сега на менито:
  • RevolutionOS, документарен филм за слободен софтвер, т.е. за некои од луѓето кои го прават слободниот софтвер;
  • Говорот на Ричард Сталман на тема „Copyright vs Community in the Age of Computer Networks“ одржан во Софија, Бугарија на 22 април 2005 год.
Сподели знаење стандардно почнува во 20 часот.

PDF постер од Стојанче: тука. ФЕИТ-аши, се надевам ќе залепите на огласна.

1 comment:

  1. а во кое време ќе се одржи собирот

    ReplyDelete