Сподели знаење #3, 26.12.2006

На „Сподели Знаење 3" беше супер. Почнавме некаде околу половина час покасно од очекуваното бидејќи немаше толку луѓе дојдено, а и тие што требаше да бидат присутни сè уште не беа пристигнати.

Арангел и Стојанче почнаа со презентацијата на Убунту 6.06 Дапер Дрејк. Како што повеќето од вас знаат, Дапер има бубачка во инсталерот и точно таа бубачка се појави на инсталацијата, но не не спречи да продолжиме со инсталацијата. На компјутерот највеќе од времето презентираше Стојанче, а Арангел ги објаснуваше постапките и сл.

Не можевме да презентираме инсталација на додатни приклучоци како што е приклучокот за пуштање на mp3 фајлови, бидејќи немавме интернет.

Додека Убунтуто се инсталираше се отвори дискусија за што е слободен софтвер, зошто се лиценците, дали лиценците за слободен софтвер гарантиаат безбедност...

Откако се инсталира Убунтуто, Арангел и Стојанче објаснуваа за некои попрости команди како „sudo".

Откако заврши нсталацијата Дамјан ни го презентираше MyOpenID со проследување на сринкастот за OpenID. Имаше доста комични елементи, на пример, кога му рекоа на Дамјан да го преведува скринкастот. А, скринкастот започнува со „Здраво, јас сум Сајмон..." така да, сите слатко си се изнасмеавме.

Немаше Python Challendge, заради истата причина, немањето на интернет. Но сепак јас мислам дека беше супер!

Извештај од Стојанче Димитровски.

Фотографиите од Златко:

http://picasaweb.google.com/zlatra/27122006

2 comments:

  1. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  2. Фотографиите од Златко.

    http://picasaweb.google.com/zlatra/27122006

    Не ги прави автоматски врскиве блогеров.

    ReplyDelete