Што е СподелиЗнаење и СподелиКино?

СподелиЗнаење

Сподели знаење е настан кој се случува секојa сабота, од 12:00 до 18:00 часот, во хаклабот КИКА.


Идејата е сите кои се заинтересирани за слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, геџети, роботи итн., да може да се соберат за да споделат знаења и искуства, да дискутираат и експериментираат.

Присуството е слободно, бесплатно и пожелно. Земете си и лаптоп, компјутер, празни CD-иња ако сакате.

Убунту прва помош

Убунту прва помош е настан кој се одржува секој понеделник во Хаклабот Кика од 19:00 до 21:00. Резервиран е за вашите проблеми со Ubuntu или некоја друга GNU/Linux дистрибуција. Ако сеуште немате инсталирано Linux дојдете ќе инсталираме :)

Ruby Meetup

Ruby средбите се одржуваат секој втор четврток од 19:00 до 21:00 во Хаклабот Кика. Презентации, дискусии и работилници на тема: Ruby, Ruby on Rails и генерално веб технологии.

Python ин д хаклаб

Python средбите се одржуваат секој втор четврток од 19:00 до 21:00 во „змиското гнездо“ хаклабот Кика.


СподелиКино

Сподели Кино е моментално ставено во мирување поради пренамена на културниот центар Точка од отворен во затворен простор. Кога ќе најдеме друга соодветна локација ќе почнеме повторно со емитување.

Синеастичките вечери на слободната култура под името „СподелиКино“ од почетокот на 2008 вообичаено се одржуваат секој понеделник. Со несебична поддршка од културниот центар Точка, каде имаме простор, проектор и промоција, можете да погледенте интересни презентации, филмови под слободни лиценци и youtube плејлисти. Термниот е ист од 20:00 до 22:00 часот.

Присуството е слободно, бесплатно и пожелно. Земете си и USB флеш мемориско стапче, ќе може да си гo снимите тоа што ќе го пуштаме (или некое музиче/филмче).


Донации

Доколку сакаш да донираш за хаклабот КИКА, кликни на сликата подолу и пополни го формуларот за донации, ќе те контактираме за да ги договориме деталите.



Однапред ти благодариме за поддршката!

2 comments:

  1. Zdravo decki , kako mozam da ve iskontaktiram a toa da ne bide preku komentar

    pozdrav ,
    ilija

    ReplyDelete
  2. Здраво Илија, во десниот горен агол на страницата имаш линк до поштенската листа и IRC каналот, можеш да пишеш било каде.

    Поздрав.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.