Сподели знаење #1, 28.11.2006

Премиерата се случи прилично успешно. Со околу 20-тина луѓе кои одлучија да видат за што се работи разговаравме за работите кои можат да бидат тема на нашите идни собири како и за тоа како ќе изгледаат и како ќе се одвиваат истите.

Накратко, се договоривме дека двонеделните среќавања на ФЕИТ не треба да бидат предавања според некои правила, туку динамчина размена на мислења и знаење. Додека на почетокот можеби ќе треба поголемо учество и ангажман од поискусните корисници и познавачи на слободниот софтвер и прашањата поврзани со него, се надеваме дека со тек на време сè поголем број на луѓе ќе се вклучуваат со свои идеи и презентации.

Темите за кои разговаравме дека би можеле да се обработуваат генерално може да се поделат во неколку групи:
  • Општи концепти поврзани со слободниот софтвер, како што се промовирањето на слободниот софтвер, разните видови на лиценци за слободен софтвер, прашањата за бизнисот и слободниот софтвер итн.
  • Разгледување/презентирање на различни видови на слободен софтвер и GNU/Linux дистрибуции со осврт на изборот на соодветна дистрибуција, како и проблемите со кои корисниците можат да се соочат откако ќе ја инсталираат дистрибуцијата.
  • Решавање на практични проблеми со слободен софтвер и во GNU/Linux оперативниот систем.
  • Локализација и интернационализација на слободен софтвер.
  • Програмирање со слободен софтвер.
Ресурсите кои се достапни на Интернет, а кои се дел од нашата заедничка инфраструктура, се овој блог како и
  • irc каналот #lugola на irc.freenode.net,
  • форумите на порталот linux.net.mk, и
  • поштенската листа [ossm-members].

Ако нешто фали - коментарите служат за дополнување. :)

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.